јули 3, 2020

Охрид, 3. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство во Владата на Република Македонија, д-р Венко Филипче, денеска ја посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

– Здравствените работници одлично се справуваат со состојбата, кадарот е мотивиран и посветено работи. Во оваа установа во 2017 година, доктор специјалист примал нето плата 53.015 денари. Со сите покачувања, денеска неговата плата изнесува 80.291 денари нето, а платата на медицинските сестри со висока школа од 26.740 денари, ја зголемивме на 32.315 денари. Продолжуваме и во наредниот период да ги зголемуваме платите, ни требаат задоволни и мотивирани здравствени работници, порача Филипче. (Крај)

извор: ФБ Венко Филипче фото: ФБ Венко Филипче

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука