април 1, 2020

Скопје/Охрид, 1. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Завршен е увидот извршен од страна на Државниот санитарен здравствен инспекторат во охридската Општа болница.

– Ќе бидат изречени казни за поранешната директорка, доктори специјалисти од одделението за Инфектологија, а ќе биде изречена казна и за самата институција, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека ќе се прави стручен увид од страна на Лекарската комора и дека ќе заседава и Етичката комисија при лекарската комора на Република Македонија.

Претходно, во врска со починатиот пациент од село Татеши, Струга, Малеска- Стојадиновиќ по смената преку допис до медиумите истакна дека од нејзина страна била изготвена писмена наредба за непрекинато да се укажува здравствена заштита на сите лица кои ќе се обратат за лекарска помош.

Со демант на ова тврдење излегоа од Инфективното одделение при Општата болница во Охрид.

– Во целост ги демантираме наводите на поранешната директорка на ЈЗУ Охрид дадени во медиумите на ден 30.03.2020 година во врска со тоа дека е утврдено прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент кој побарал здравствена заштита, а се однесува на здравствен работник во Инфективното одделение кој бил на работа во времето кога пациентката е донесена на преглед, како и тоа дека за пациентката од страна на матичниот лекар бил издаден упат на 25-ти март, ова од причина што до доставувањето на ова известување до медиумите од наша страна, инспекциски надзор во нашето одделение се уште не е извршен, а овие наводи е невозможно да се потврдат или отфрлат без да се утврди дали во нашиот систем постои упат или не и дали тој упат се однесувал на земање на брис или пак за лекување на инфективното одделение, како и ред други работи. По однос на наредбата од страна на директорот ја известуваме јавноста дека истата се почитува во целост од моментот на нејзиниот прием од наша страна . По однос на немањето на минимални технички услови и соодветни простории до директорката е реагирано во неколку наврати, меѓутоа повратен одговор немаме добиено, за што навремено се известени и Министерството за здравство и Министерот, порачаа вработените во Инфективното одделение при охридската Општа болница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука