мај 1, 2020

Скопје, 1. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство.

По градови:

– Скопје 18
– Куманово 36
– Дебар 1
– Штип 1
– Велес 10
– Гевгелија 1

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања и потврдени се 29 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24-ти април и 87 годишен пациент лекуван на клиниката од 27-ми април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од кочанското село Зрновци на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21-ви април.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.494, бројката на оздравени пациенти е 807, на починати 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука