мај 12, 2020

Скопје, 12. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

– Скопје 3
– Неготино 2

Во текот на изминатите 24 часа направени се 189 тестирања, а потврдени се 10 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 6, Куманово 2, Прилеп 1, Велес 1. Досега во земјата се направени вкупно 19.430 тестирања на COVID-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 29-ти април.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.674, бројката на оздравени пациенти е 1.205, на починати е 92, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 377. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука