јуни 24, 2020

Охрид, 24. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денес кампањата ја започнуваме од Охрид. Заедно со Игор Дурловски разговаравме со охриѓани. Се гледа нивната разочараност од неправдите кои ги имаме од оваа власт, порача денес од Охрид првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– На овие избори граѓаните имаат два избора, Македонија или актуелната власт. Од Охрид им порачуваме дека силно ќе победиме, нема да дозволиме ништо да нѐ поколеба. Нема простор за разочарување, туку за борба. Македонија е со наведната глава и свтикана кичма. А, тоа е така затоа што се што ветија, ништо не исполнија. Време е за почит и развој. Време е за обнова и повеќе за секого. За насмеани лица и Македонија исправена и горда, порача Мицкоски. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука