Охрид, 3. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Имајќи ги предвид препораките за заштита и за превенција од корона вирусот COVID-19, охридскиот Црвен крст во соработка со oпштина Охрид и натаму со своите мобилни тимови за поддршка опслужуваат постари и изнемоштени лица, хронично болни лица, лица со попреченост и самохрани родители на деца на предучилишна возраст.
Во текот на изминатите две недели на 40 домаќинства (некои домаќинства и во повеќе наврати) им беа набавени потребни намирници, лекарства и слични потреби. Исто така на 120 социјално загрозени семејства им беа доделени хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена.
– Опремен со соодветна заштита, тимот се упатува на локацијата по претходен повик, по што се врши набавката и се доставува на домашна адреса. Самите граѓани си ги обезбедуваат средствата за потребните намирници. Освен за набавка на намирници за домашни потреби, се врши и набавка на лекови, препишување на рецепти кај матичен лекар и слични такви неопходни работи како што се на пример уплати во банка или плаќање на сметки, информираат од Црвениот крст.
Мобилните тимови се активни секој ден (вклучително и во викенд). Граѓаните на кои им е потребна поддршка од овие тимови, можат да стапат во контакт со Црвен крст Охрид од 08:00 до 16:00 часот, на следниве телефонски броеви:
☎ 046 261 909
☎ 070 315 309
☎ 13 112
За неодложни/итни потреби, граѓаните можат да се јават на ☎ 13 112 и по 16:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива