Скопје, 29. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Утрово по објавените реакции на Независната угостителска комора од кабинетот на вицепремиерот Битиќи е презакажан нов термин за работна средба, за утре, 30-ти јануари во 14:00 часот.
– Се надеваме дека средбата ќе вроди резултати и во рамките на можностите на Владата со новиот петти сет економски мерки покрај угостителските работници и сите угостители и зависни и засегнати индустрии од угостителската индустрија ќе ја добијат неопходната финансиска помош и поддршка, велат од Независната угостителска комора. (Крај)
извор: Локално фото: архива
Прочитано: 31