март 30, 2020

Охрид, 30. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Супер радио, водечката радио станица во овој дел на државата започна акција во насока на спречување на ширењето на Коронавирусот, во обид охриѓани што е можно повеќе да се задржат во своите домови.

– Емисијата ќе се емитува секој ден од 10:00 до 16:00 часот комбинирано на радио и на нашите профили на социјалните мрежи. Веќе исконтактиравме со бројни охридски фирми кои обезбедија вредни награди за охриѓани, а списокот е отворен затоа што учеството за нив е комплетно бесплатно, единствено што треба да направат е да се пријават и да обезбедат награди. Основната идеја е да ги задржиме колку што е можно охриѓани во домовите за сите заедно да се обидеме да го спречиме ширењето на COVID-19. Се’ што треба да направите е да ги тагирате вашите пријатели кои Ви недостасуваат за дружење, да им предложите некоја активност за време на карантинот, да кликнете Subscribe на YouTube каналот на Супер радио и да ја очекувате наградата… Се слушаме на СУПЕР, контактираме преку социјалните мрежи и си седиме дома, порачуваат од Супер радио.

Денешни награди:

– Супер радио доделува мобилен телефон Huawei (наградата ќе се додели на 30-ти април)

– Makeup by KIKA – шминкање и изработка на професионални фотографии (добивате талон кој ќе го искористите по престанокот на вонредната состојба)

– Пекара „Ден и ноќ“ – добивате 2 вкусни пици ВЕДНАШ

Извлекувањето на наградите ќе биде траспарентно и во живо на Facebook. Дел од наградите ќе се подигаат лично во студиото, а за оние кои се услуги ќе се добијат талони, кои ќе можат да се искористат по завршувањето на вонредната состојба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука