Загреб, 2. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Цените за изнајмување на апартмани и куќи за одмор на хрватското крајбрежје од Јадранското море драстично се намалени во однос на мината година. Но и со вака ниски цени побарувачката од туристите е многу мала пренесуваат хравтските медиуми.
Според порталот Индекс цената на најскапиот апартман за предсезоната годинава изнесува колку лани што чинел најевтиниот, 40 евра.
Цените на апартманите во 2019 година во предсезоната и по истекот на ударните термини се движеле од 40 до 100 евра, додека во „шпицот“ тие се издавале од 60 до 200 евра на ден.
Годинава цените на апртманите во предсезоната се движат од 25 до 40 евра, а во екот на сезоната од 45 до 70 евра. Според Индекс цела куќа со сопствен базен може да се изнајми за 114 евра на ден.
И со вакви цени одзивот кај посетителите е мал. Домаќините очекуваат ситуацијата да се смени по целосното отворање на границите за сите држави. (Крај)
извор: 24 Инфо фото: архива