Охрид, 15. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според последните податоци од Државната изборна комисија до 19:00 часот во Охрид процентот на излезност е 49,34 односно гласот го дале 25.928 охриѓани.
Ова се бројки од обработени податоци од сите 89 избирачки места.
Од ОИК велат дека изборниот процес тече во најдобар ред, во мирна, фер и демократска атмосфера, граѓаните се придржуваат до здравствените протоколи, носат маска, држат дистанца.
Во петтата изборна единица во која спаѓа Охрид има 706 избирачки места. Од обработени податоци од 705 гласачки места до 19:00 часот гласале 141.360 или 44,95%.
На државно ниво процентот на излезност е 45,74%, од обработени податоци од 3.463 од вкупно 3.480 гласачки места,односно гласале вкупно 829.927 избирачи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива