Охрид, 5. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Откако тестовите покажаа дека медицинските лица се негативни на коронавирус, од утре ќе продолжи со работа одделението за трансфузиологија во Охрид.
Кај една од од вработените постоело сомневање за можна изложеност на вирусот, откако пациент заболен од COVID-19 бил да подигне терапија, биле направени три дополнителни тестови кои биле негативни, јави Тв Сител.
Одделението е под клуч речиси три недели, а целиот персонал беше во домашна изолација. (Крај)
извор: Тв Сител/Нина Аритоновска фото: ОхридПрес
Прочитано: 62