април 28, 2021

Скопје, 28. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Државна лотарија го најавува најновиот шеќерен инстант лоз „Бонбон“ наменет за играчите на инстант лотаријата.

Инстант лозот „Бонбон“ ви нуди нова слатка забава и добивки во вредност до 700.000 денари.

– Влезете во интересна игра низ која на само еден лоз може да добиете една, две, три, четири или дури девет добивки. Откривањето на добитните броеви низ 9-те полиња за игра, е дополнето со уште едно поле за дополнително изненадување – мега бонус! Со овој инстант лоз ве очекува потрага по симболи на вкусни слатки изненадувања што ќе ве донесат до една од трите премии од 700.000 денари, до една од 5-те добивки од по 100.000 денари, една од 10-те добивки од по 50.000 денари и бројни други помали добивки. Не пропуштајте да го пробате новиот шеќерен инстант лоз – „Бонбон“ на Државна лотарија. Се’ што треба да направите е да побарате „Бонбон“ од сите продажни места на Државна лотарија. Веруваме дека возбудливата потрага по добивки преку играта на лозот „Бонбон“ ќе донесе нови среќни приказни чии раскажувачи со нетпрение ги очекуваме, информираат од Државна лотарија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука