март 28, 2020

Скопје, 28. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Охрид отворило предмет по допрен глас за случајот со 66-годишната жена од Струга, која е четврта жртва на Коронавирусот во земјава.

– Информацијата за постапувањето на ОЈО Охрид за „360 степени“ ја потврдија од Јавното обвинителство на Република Македонија, пренесе Фокус.

Одлуката на ОЈО Охрид доаѓа откако Али Теља, зет на починатата жена од Струга, во изјава за ТВ Телма рече дека иако таа не можела да дише и се мачела два дена, во охридската болница преку прозорец им рекле да ја носат дома и да дојдат само кога ќе има позитивен тест на Коронавирусот. (Крај)

извор: 360 степени/Фокус фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука