Охрид, 11. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со креативно видео поради мерките за спречување на ширењето на корона пандемијата, ОУ „Дебрца“ денес го одбележува својот патронен празник.
Учениците од ова училиште, заедно со популарните Александар Митевски и Дац со видео честитка и’ порачаа едно големо чао на короната.
-Старо е нашето училиште, со долга училишна традиција, а сепак е ново и подготвено за уште многу генерациски победи и знаења. Денес е нашиот патронат 77 годишнината од формирањето на Првата Македонско- косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада. Одбележувањето ќе се реализира во согласност со пропишаните мерки на Владата заради здравствената состојба во земјава. Честит нека ни е, порача директорката Билјана Славевска.
По повод 77 годишнината од формирањето на Првата Македонско- косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада и патронатот на ОУ „Дебрца“, денеска од 10:30 часот ќе биде положено свежо цвеќе на споменикот во село Сливово, организација на Сојузот на борци и Општина Дебрца. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива