Скопје, 1. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија (ДИК) преку допис ја информира јавноста дека во целост ги демантираат насловите во одредени медиуми во кои се наведува дека Државната изборна комисија ги почна подготовките за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.
– Воедно Ве информираме дека Државната изборна комисија, во целост ја почитува Уредбата со законска сила за прашањата поврзани со изборите бр.442413/1 од 21 март 2020 година, донесена од Владата на Република Македонија, врз основа на која ДИК усвои Заклучок за прекинување на сите изборни дејствија за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, закажани за 12 април 2020 година бр. 08-1022/1 од 22 март 2020 година. Единствените активности кои Државната изборна комисија ги реализира во моментот се активностите поврзани со нејзиното тековно функционирање, информираат од ДИК. (Крај)
извор: ДИК фото: архива