март 22, 2020

Охрид, 22. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – На иницијатива на младите од МКОЦ „Соната“, креирано е „место“ на кое тие ќе се „собираат“, забавуваат, но и едуцираат.

– На sedidoma.mkoc.org.mk ќе можат да го исполнат своето слободно време додека сите ги почитуваме препораките за корона вирусот. Тоа е место каде што секој млад ќе може да најде нешто интересно, занимливо, смешно, но и едукативно и инспирирачко. Во исто време го повикуваме наставниот кадар кој сака да ни се приклучи во оваа акција во креирањето на панелот за квизови. Веруваме дека „Повторувањето е мајка на знаењето“, па затоа криравме можност за тестирање на материјалот кој треба да го изучат дома во овој период. Тестирањето е по училиште/смер, одделение/година и предмет. Идејата е најдобрите да се наградуваат. Токму затоа ги повикуваме сите компании или поединци кои сакаат да ја помогнат оваа акција да не контактираат на [email protected] или на 078/362-484, порачуваат од „Соната“.

Тие отворено ги покануваат и оние кои имаат некаков талент да го покажат.

Image may contain: text that says 'седи дома'

– Ги повикуваме сите оние кои пишуваат, цртаат, сликаат, фотографираат, или пак имаат некој друг скриен талент да се пријават преку sedidoma.mkoc.org.mk, додаваат од МКОЦ „Соната“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука