Охрид, 4. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на претстојниот викенд, од општина Охрид упатуваат апел до жителите на Охрид и сите посетители кои туристички ќе престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки и препораки за заштита и превенција од корона вирусот COVID-19.
– Да се носат заштитни маски
– Да се одржува потребна дистанца
– Да се одржува лична хигиена според препораките
– Да се избегнуваат семејни собири и други друштвени групирања
– Да бидеме одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје – стои во апелот. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид
Прочитано: 26