септември 1, 2020

Охрид, 1. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Намалување на бројот на новозаразени лица со COVID-19 е регистриран вчера, кога по подолго време имаше само 11 нови случаи од направени 450 тестирања.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.341, бројката на оздравени пациенти е 11.157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.581 лица.

Според завршените епидемиолошки анализи, во Охрид веќе два дена нема новозаболени, а од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 337 заболени лица, од кои се активни 34 случаи. Во соседна Струга има 562 заболени лица, а во моментов се активни 60 случаи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука