Скопје, 13. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 12
– Прилеп 7
– Тетово 3
– Кавадарци 1
– Пехчево 1
Во текот на изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 10, Прилеп 5, Тетово 4 и Велес 1. Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања на COVID-19.
Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7-ми мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6-ти мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.694, бројката на оздравени пациенти е 1.229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство