септември 28, 2020

Скопје, 28. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 387 тестирања, при што се регистрирани 48 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 20
-Куманово 3
-Дебар 1
-Прилеп 3
-Тетово 1
-Струмица 4
-Кочани 9
-Пробиштип 1
-Пехчево 1
-Виница 2
-Делчево 1
-Свети Николе 2

Починати се 4 пациенти од Скопје (73 и 62 години), Куманово (69 години) и Тетово (72 години).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од:

-Скопје 21
-Куманово 3
-Штип 2
-Тетово 5
-Струга 6
-Битола 1
-Гостивар 4
-Гевгелија 2
-Крива Паланка 2
-Радовиш 3
-Кочани 6
-Пробиштип 2
-Виница 2
-Свети Николе 1
-Кичево 1

Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на COVID-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.674, бројката на оздравени пациенти е 14.642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.303. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука