октомври 26, 2020

Скопје, 26. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 737 тестирања, при што се регистрирани 247 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 116
-Куманово 4
-Штип 12
-Прилеп 23
-Тетово 10
-Струга 12
-Велес 7
-Битола 8
-Охрид 14
-Кавадарци 2
-Гостивар 10
-Струмица 6
-Крива Паланка 3
-Радовиш 2
-Кочани 3
-Пробиштип 5
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 1
-Кичево 6
-Ресен 2

Починати се 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78 години), еден од Куманово (68 години), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77 години), двајца од Струга (73 и 75 години), еден од Велес (58 години), еден од Охрид (69 години), еден од Кавадарци (71 години), еден од Гостивар (71 години), еден пациент од Гевгелија (76 години) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравени пациенти од:

-Скопје 189
-Куманово 12
-Дебар 1
-Штип 9
-Прилеп 15
-Тетово 8
-Струга 5
-Велес 1
-Битола 3
-Охрид 7
-Кавадарци 5
-Гостивар 3
-Гевгелија 7
-Струмица 16
-Крива Паланка 6
-Кочани 11
-Пробиштип 2
-Берово 3
-Валандово 5
-Свети Николе 4
-Кичево 6
-Ресен 2
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 235.775 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27.199, бројката на оздравени пациенти е 18.948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7.317. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука