Скопје, 19. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 771 тестирања, при што се регистрирани 161 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
-Скопје 90
-Куманово 11
-Штип 2
-Прилеп 6
-Тетово 5
-Велес 4
-Кавадарци 2
-Гостивар 15
-Струмица 8
-Крива Паланка 1
-Радовиш 1
-Кочани 3
-Пробиштип 2
-Берово 6
-Валандово 1
-Делчево 2
-Кичево 2
Починати се 12 лица, 7 пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82 години), пациент од Струга (67 години), од Тетово (85 години), од Битола (68 години), од Кавадарци (56 години) и пациент од Прилеп (63 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од:
-Скопје 62
-Куманово 6
-Штип 4
-Прилеп 6
-Тетово 7
-Струга 4
-Велес 3
-Битола 2
-Охрид 3
-Кавадарци 5
-Гостивар 5
-Гевгелија 2
-Струмица 10
-Радовиш 4
-Кочани 12
-Пробиштип 6
-Пехчево 2
-Берово 3
-Валандово 4
-Свети Николе 2
-Кичево 2
Досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.788, бројката на оздравени пациенти е 17.392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.550. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство