Белчишта, 9. септември 2020 (ОХИРДПРЕС) – Советот на општина Дебрца донесе одлука да се додели еднократна парична помош во висона од 30.000 денари лекувањето на охриѓанецот Трајан Целески- Тачо.
Периодов наназад се организираа бројни акции за помош на Тачо.
Пред две години Тачо се избори со тумор на мозокот, но болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба е лоша. За повторно да ја победи болеста и да прими соодветна терапија потребни се околу 20.000 евра. Сите граѓани можат да донираат и на бројот за донации: 143 133 Т-Mobile, како и на трансакционата сметка: 500600018999581 – Ристо Целески Стопанска банка АД. Може да се донира и преку Gofundme на следниот линк. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30