март 16, 2021

Охрид, 16. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид го донесе првиот ДУП усогласен со Планот за управување со Охридскиот регион, кој се однесува на Урбана заедница 8, урбан блок 8.3 Бејбунар.

Овој план првично беше поништен во 2013 година но по препорака на градоначалникот Константин Георгиески истиот се преработи и усогласи согласно препораките на УНЕСКО. Во планот се намалија висините, искористеноста на просторот се сведе на 50% и Општина Охрид за истиот доби позитивно мислење од Комисијата за УНЕСКО и Министерство за транспорт и врски.

Надлежните убедуваат дека општина Охрид ќе ги усогласи сите Детални урбанистички планови согласно Планот за управување со УНЕСКО, со крајна цел  Охрид да го зачува статусот на заштитено културно и природно наследство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука