Скопје, 3. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Отворени се уште 3 нови телефонски броеви наменети за психолошка поддршка на трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19, објави министерот за здравство Венко Филипче на неговиот официјален профил на Facebook.
– Ги охрабрувам сите граѓани кои чувстуваат потреба да ја побараат потребната помош. На телефонските броеви одговараат стручни лица од Клиниката за психијатрија, со чија соработка ја нудиме оваа поддршка, додава министерот во пораката. (Крај)
извор: ФБ Венко Филипче фото: ФБ Венко Филипче
Прочитано: 29