јуни 1, 2020

Скопје/Охрид, 1. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Една респираторна машина, која е дел од донацијата од вкупно 20 вакви апарати, кои се реализирани преку претставништвото на УНОПС во земјава, а се по потекло од Турција, ќе добие и Општата болница во Охрид.

Десет од донираните 20 респиратори ќе бидат ставени на располагање на ГОБ „8 Септември“ во Скопје, а останатите 10 ќе бидат распределени по здравствените установи во земјава, односно во Клиничките болници во Тетово, Битола и Штип, каде ќе се испратат по две респираторни машини. По еден апарат ќе биде испратен во Општите болници во Охрид, Струга, Прилеп и Струмица.

Респираторите како донација ги обезбеди Кралството Норвешка и се очекува и по надминувањето на заканата од COVID-19, во значаен дел да го подобрат здравствениот систем и потенцијалот на здравството за справување со тековните предизвици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука