Охрид, 30. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради новонастанатата ситуација, а во согласност со препораките за превенција на здравјето и намалување на штетите предизвикани од пандемијата со вирусот COVID-19, мобилните тимови на Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Охрид деновиве добија донација од 300 маски за повеќекратна употреба од текстилната фирма „СаЕл“ од Охрид.
– Маските, пред се’, се наменети за тимовите на Црвен крст Охрид и Општина Охрид кои работат на достава на намирници и лекови до граѓаните во Охрид, за социјално-ранливи и ризични групи а 100 маски се дадени за употреба на припадниците на СВР Охрид. Упатуваме јавна благодарност до сите општествено-одговорни компании од градот кои несебично донираат помош која понатаму се дистрибуира до социјално-ранливото население, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива