Охрид, 21. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) -Охридскиот Црвен крст по втор пат ќе спроведе обука на негователи на стари и немоќни лица, со цел развивање на услугите за долготрајна нега на оваа категорија луѓе од страна на квалификуван и професионален кадар.
Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во просториите на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала со почитување и примена на соодветните протоколи за заштита од COVID-19.
Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник), пет дена во неделата, во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен меѓународно признат сертификат за неговател/ка на
стари и немоќни лица.
– Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, на е-маил: [email protected] или на еден од телефоните 046/261-909 и 070/315-309, каде треба да ги остават следните податоци (име и презиме, дата на раѓање и контакт телефон/е-маил, со назнака за Оглас за негователи), инфомираат од охридскиот Црвен крст.
Пријавувањето започна од денес, а ќе трае до 4-ти октомври. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива