Охрид, 29. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Елитниот охридски хотел „Аквалина“ со целосно почитување на протоколите од понеделник ја отвора летната тераса.
Во исчекување на протоколите за работа на хотелските капацитети, ќе биде отворена летната тераса, масите и столовите ќе бидат поставени на соодветната оддалеченост и ќе се почитуваат мерките за заштита, со редовна дезинфекција, вели за Супер радио и OhridPress Ангел Ангелески, менаџер на хотел „Аквалина“.
– Подготовките се при карај и планираме во понеделник да ја отвориме летната тераса на хотелот. Целосно ќе се почитува потребната дистанца меѓу масите, ќе се врши редовно дезинфекција во насока на заштита на здравјето на гостите и персоналот, вели Ангелески.
Во однос на работата на сместувачките капацитети Ангелески вели дека се уште немаат добиено протоколи и не се знае во која фаза и на кој начин ќе профункционира хотелот.
Во меѓувреме периодов имало особен интерес од страна на домашни гости за престој во хотелот, а јавувања добивале и од странски гости за сместување на крајот на јуни и за месец јули. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес