Охрид, 19. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Угостителската понуда во Охрид од денес е побогата за уште еден репрезентативен угостителски објект.
Lihnidos Le Petit Bistro ја продолжува успешната приказна на Fish & Lounge Bar Lihnidos, сега по светски терк и со фантастична гастрономска понуда.
Проектот е дело на охридски AD – Architectural Design и претставува вистинска свежина во охридското угостителство. Одлично уредениот простор, во комбинација со забавите кои се најавуваат секако ќе направат Lihnidos Le Petit Bistro да биде едно од омилените места за излегување на охриѓани и гостите.
Менаџерскиот тим најавува многу новитети, со следење на препораките на надлежните институции за заштита од COVID-19.
– Здравјето на нашите гости и вработените е пред се’. Ова е совршено место за уживање на сите сетила со прекрасен поглед кон Охрид, но мерките мора да се почитуваат. Нашите гости се на прво место за нас. Да ја започнеме заедно првата страница од една поинаква приказна, порачуваат од Lihnidos Le Petit Bistro.
Објектот е лоциран во строгиот центар на Охрид, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат и на нивниот официјален профил на Facebook. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/Видео: Супер радио Охрид