јануари 15, 2021

Охрид, 15. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Прекрасниот Охрид утрово се разбуди „обелен“ од првиот снег оваа година.

Снегот што синоќа интензивно паѓаше во Охрид направи покривка од 12 сантиметри, а ги израдува особено најмладите, но подеднакво уживаа и повозрасните кои излегоа и пропешачија низ охридските улици, во центарот на градот и по езерскиот кеј.

Image may contain: tree, sky, plant, outdoor, nature and water

Image may contain: tree, sky, snow, plant, outdoor, nature and water

Метеоролозите информираат дека времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта во југозападните делови ќе провејува слаб снег. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 2. степени.

Image may contain: sky, outdoor and water

Image may contain: sky, tree, house, outdoor, nature and water

Image may contain: tree, sky, snow, plant, mountain, outdoor and nature

Поради продор на студена воздушна маса од север во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде многу студено со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Тања М.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука