јули 9, 2020

Охрид, 9. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми јули 2020 година, околу 11:30 часот, нарушен е јавниот ред и мир на булеварот „Туристичка“ во Охрид, со физички напад извршен од страна на 33-годишниот К.М. врз 23-годишниот М.Л., двајцата од Охрид.

– Напаѓачот, иако имал решение од Државниот здравствен инспекторат за одредена  мерка „изолација“, го напуштил својот дом и управувал патнички автомобил по булеварот „Туристичка“ со кој му го блокирал патот на сега нападнатиот, физички го нападнал и му упатил сериозни закани по неговиот живот. По целосно документирање на случајот, против напаѓаќот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука