Охрид, 9. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 30 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 10, Струга 5, Кичево 14 и Дебар 1).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 68 контроли во угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 13