ноември 22, 2020

Охрид, 22. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 45 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 18, Струга 13 и Кичево 14).

-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 39 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука