Охрид, 7. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 46 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 19, Струга 6, Кичево 12 и Дебар 9).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Кичево извршени се 84 контроли по угостителски и други објекти (Охрид 14, Струга 8, Кичево 52 и Дебар 10) Истовремено, во Охрид, евидентирано е 1 прекршување на забраната за движење од 20:00 до 05:00 часот со цел спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Против ова лице, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива