News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
јуни 28, 2020

Охрид, 28. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 74 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 32, Струга 18, Кичево 21 и Дебар 3).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 18 контроли врз угостителски и други објекти“. Апелираме до граѓаните на целосно почитување на законската одредба за носење заштитни маски со цел поголема заштита од коронавирусот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука