Охрид, 26. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 88 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 38, Струга 32, Кичево 16 и две во Дебар).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 6 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 35