Охрид, 19. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 69 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 5, Струга 25, Кичево 24 и Дебар 15).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 57 контроли во угостителски и други објекти (Охрид 13, Кичево 36 и Струга 8), информираат од СВР Охрид.
Воедно полициските службеници во соработка со Државниот пазарен испекторат извршиле 56 контроли во угостителски и други објекти (Охрид 14, Кичево 28 и Дебар 14). (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива