април 6, 2020

Скопје/Охрид, 6. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во болницата во Битола сега е хоспитализиран еден пациент. Во тек е трансфер на сите пациенти кои претходно беа хоспитализирани во Болницата во Охрид.

– После вчерашниот договор, болницата во Битола да биде регионален центар и практично сите пациенти кои сега се лекуваат во Охрид, ќе се транферираат во Битола. Тоа се пациенти од околината на Струга, објави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, кој ги соопшти новите бројки на заболени лица од Коронавирус.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 нови пациенти, објави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. Од нив едно е од соседна Струга, а вкупната бројка на заболени лица се искачи на 570 лица. На Инфективната клиника во текот на последните 24 часа починаa тројца пациенти, еден од Кочани и двајца од Тетово.

Министерот Филипче објави дека во текот на изминатиот ден се направени се 202 теста и апелираше да се почитуваат мерките на Владата за спречување на Коронавирусот.

Претходно Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите, со важност од среда, 8-ми април 2020 година, од 16:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука