јули 10, 2020

Охрид, 10. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Потребно е воспоставување концепт на обнова која ќе донесе коренити реформи, квалитет и мотивација во културата, порача на денешната прес конференција Лидија Петкоска, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од 5 Изборна единица.

– Со цел обезбедување на достоинствени услови за работа на уметниците и достоинствено презентирање на културните и уметничките достигнувања се обврзуваме на реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со цел обезбедување нов објект наменет за Македонски народен театар „Григор Прличев“. Културниот идентитет ни дава чувство на припадност, тој е столб на континуитетот на постоењето на една заедница и еден народ. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ содржи мерки и проекти чија цел е зачувување и зацврстување на културниот идентитет како на македонскиот народ, така и на етничките заедници. Зачувување и унапредување на македонскиот јазик како најзначајно идентитетско обележје. Изработка на академска граматика на македонскиот јазик, етимолошки речник, дијалектни речници и изработка на електронски корпус на македонскиот јазик. Збогатување на е-библиотеките со изданија на македонски јазик и на другите етнички заедници и објавување речници на јазиците на етничките заедници. Едукативни центри за култура кои ќе ги привлечат уметниците од општините и нивниот потенцијал. Младински фестивал и Младински уметнички групи со овозможување настап низ општините во Македонија, надополнети и со филмски проекции. Поддршка на младите уметници преку финансиска поддршка за купување на музички инструменти и други потребни материјали. Запознај ја Македонија и културните знаменитости преку организирање тури со вклучен превоз и професионални туристички водичи. За сите млади до 29 години ќе се овозможи 50% попуст за влез на национални и клупски спортски настани и настани организирани од сите институции под надлежност на Министерството за култура. Е-читални за лица со оштетен вид. Регионални занаетчиски центри. Поддршка за обнова и развој на традиционални занаети. На 15-ти јули изборот е силна култура, стручност и професионализам. Бројот 14 за изградба на нов театар во Охрид. 14 за зачувување и унапредување на македонскиот јазик. 14 за Обнова на Македонија – порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука