Охрид, 11. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Заштитата на здравјето на граѓаните е прв и најважен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. Фокусот во здравството мора да го ставаме подеднакво, како на пациентите, така и на медицинскиот персонал. Нашата цел е навремена и соодветна здравствена услуга, задоволни пациенти, задоволен медицински персонал, медицински персонал кој ќе остане тука во Македонија, порача на денешната прес конференција д-р Кирил Пецаков, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од 5. Изборна единица.
– За таа цел, ќе пристапиме систематски во борбата со коронавирусот во насока на целосно изолирање и спречување на понатамошно ширење. Зајакнување на капацитетите на јавното здравство, зајакнување на инфективните одделенија во земјата и интегрирање и функционално реорганизирање на клиничките болници во земјата. Нов концепт за справување со КОВИД-19 преку нова методологија за тестирање и вклучување на младите лекари и специјализанти. Сите здравствени работници вклучени во борбата со КОВИД-19 во октомври ќе добијат дополнителни 50% од својот личен доход како мотив да продолжат со борбата против опасниот вирус. Сите вработени во Министерството за внатрешни работи, како награда за својот труд, во октомври 2020 година ќе добијат 20.000 денари нето средства за напорите што ги прават за спроведување на мерките за справување со КОВИД-19. Воспоставување на целосно функционален концепт на здравство без хартија, кој подразбира целосна дигитализација на здравствениот и фармацевтскиот систем. Целосна дигитализација на рецепти, упати, извештаи и резултати. Во првите 100 дена Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе дежурни матични лекари во сите региони во Македонија. Предвидуваме граѓаните да можат да ги земат лековите од аптека врз основа на рецепт од лекарите специјалисти, а потоа Фондот да ги рефундира средствата на самите аптеки. Предвидуваме зајакнување на системот на трансплантација на органи преку целосна дигитализација на процесите и листата за трансплантација на органи. На 15 јули вашата поддршка нека биде за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, затоа што ние сме луѓе кои работиме и го реализираме ветеното. Гласајте за број 14, за модерно и квалитетно здравство! 14 за Обнова на Македонија! Исправи се Македонијо! Одбери обнова – истакна Пецаков. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ