Охрид, 25. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е создавање на здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого, порача на денешната прес конференција д-р Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник од 5 Изборна единица.
– Системот во Република Македонија изминативе четири години, не само од здравствен аспект, туку и од сите други области е колабиран. Коронавирусот откри дека состојбата со здравствениот систем во Македонија е поразителна. Приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во здравството ќе бидат стратешко позиционирање на здравството како приоритет за грижата за граѓаните, предвидливост и континуитет на работата, како и донесување на Национална здравствена стратегија заснована на следните постулати:
Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија и во јавното здравство; Зајакнување на примарното здравство, стоматологијата и превентивата;
Оптимизација на здравствениот систем, ориентиран кон поквалитетни услуги за пациентите; Нулта корупција во здравството; Стандардизација на квалитетот на здравствените услуги; Интегрирање и функционално реорганизирање на здравствените единици. Оттука, клучни аспекти на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија се: Воспоставување на концептот на Здравство без хартија, кој подразбира целосна дигитализација на здравствениот и фармацевтскиот систем. Формирање на тело на Националниот координатор за здравство, кое ќе придонесе за оптимизација на здравствениот третман на пациентите. Модернизација, функционална интеграција и реконструкција на здравствените центри во целата држава. За реализацијата на приоритетите за здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе мерки реализирани преку апликативни проекти во сите сфери. Со цел да го задржиме медицинскиот кадар во Македонија и во јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да им обезбеди на лекарите и стоматолозите достоинствени примања и современа, континуирана медицинска едукација по најдобрите светски стандарди. Се обврзуваме и ветуваме екстензивно инвестирање во здравствениот систем. Охрид и Република Македонија мора да имаат потполна верба во јавното здравство. Затоа на 15 јули изборот е едноставен и јасен. Да го одбереме бројот 14 за обнова на здравството. 14 за инвестиции во здравството чиј главен фокус се пациентите. 14 за обнова на Охрид и Македонија, порача Пецаков. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ