март 20, 2020

Охрид, 20. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите од Центарот „Акватек“ испратија соодветна – подводна порака до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

– Почитувајте ги мерките за заштита, од нас зависи! Бидете совесни, често мијте ги рацете, одбегнувајте поголеми групи луѓе, останете дома, смејте се и слушајте го министерот Венко Филипче, порача Никола Паскали од Нуркачкиот Центар „Акватек“ од Охрид.

Со заштитни ракавици тие испратија порака од дното на Охридското Езеро за совесност кај граѓаните, во овие исклучително сериозни времиња.

Денес во Охрид беше регистриран и првиот случај на лице кое е позитивно на вирусот COVID-19. (Крај)

извор: Акватек фото: Акватек

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука