мај 6, 2021

Охрид, 6. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти мај 2021 година во 17:00 часот во СВР Охрид, пријавен е пожар кај место викано „Цер“, атар на селото Издеглавје, општина Дебрца, каде горела нискостеблеста вегетација.

– Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. Увид бил извршен од екипа на СВР Охрид, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука