јули 15, 2020

Велешта, 15. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти јули 2020 година, околу 11:00 часот, во дворот на училиштето „Зини Хани“ во струшкото село Велешта, 31-годишниогт В.Ќ. и три години помладиот А.Ќ., двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир.

– Тие, упатиле навредливи зборови, а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука