Полицијата пронајде најлонска кеса со марихуана кај жител на селото Куратица
февруари 4, 2021

Охрид, 4. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти февруари 2021 година, во 22:30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, при контрола и преглед извршен врз 21-годишниот А.П. од охридското село Куратица, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонска кеса со опојна дрога марихуана.

– Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука