Скопје/Охрид, 3. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради непочитување на протоколот за работа затворени два угостителски објекти во Охрид, а инспекторатите во текот на последната недела од јануари направиле вкупно 4.959 контроли, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашковска- Филиповска.
Од 25-ти до 31-ви јануари, Инспекторатот издал и 4.373 решенија за изолација и самоизолацијаа, со што, како што посочи Грашковска-Филиповска, продолжува трендот на намалување на издадените решенија
Државниот пазарен инспекторат, пак, спровел 3.571 контрола и 757 надзори поврзани со Законот за заштита на наелението и заразни болести и проколите за работа на угостителските објекти, но и други закони. Притоа се изречени 23 прекршочни пријави, 14 решенија за неправилности и 63 прекршочни платни налози.
Од вкупниот број решенија пет се за непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти и тоа од два во Охрид, и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово и Битола. На сите им е изречена забрана за вршење дејност и соодветно ќе се изрекуваат и платни налози. Не се почитувало работното време и мерката по четири лица на една маса.
Филиповска- Грашковска најави дека инспекциските служби ќе продолжат и во наредниот период со контроли на терен и неселективно да постапуваат и казнуваат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива