Охрид, 2. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – По бројните реакции во јавноста годиниве наназад, конечно е изработено и поставено ново спомен обележје на загинатите бугарски туристи кои настрадаа при потонувањето на бродот „Илинден“.
Споменикот е поставен веднаш до пешачката патека, после мостот, а околу него треба да никне и новиот парк на розите. Се очекува истиот да биде отворен на 5-ти септември, кога е годишнината од бродската несреќа.
Несреќата се случи на 5-ти септември 2009 година, во 10:33 часот, кога на околу 200 местри од брегот на езерото кај авто-кампот „Елешец“ се преврте и потона туристичкиот брод „Илинден“. Притоа загинаа 15 од 56-те патници, туристи од соседна Бугарија, кои патуваа на излет во Свети Наум. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива