Скопје, 5. мај 2020 (ОХИРДПРЕС) – Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје 8, Куманово 6, Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1, Кочани 1 и Македонски Брод 1, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина. Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 3, Битола 1 и Велес 4.
Согласно ова вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.
Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје 515
Куманово 401
Дебар 51
Штип 34
Прилеп 159
Тетово 90
Струга 67
Велес 81
Битола 19
Охрид 15
Кавадарци 5
Гостивар 17
Гевгелија 4
Струмица 2
Крива Паланка 5
Радовиш 4
Крушево 3
Кочани 31
Пробиштип 2
Кичево 2
Неготино 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар 1
Македонски Брод 2
Пехчево 2
Делчево 1
Валандово 1
Виница 2
Кратово 1
Направените 185 теста се преку: ИЈЗ 79, Ветеринарен факултет 3, Авицена 9, Биотек 33, Филип Втори (Жан Митрев) 27, Систина со PCR метода 17 и МАНУ 17. Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на COVID-19.
Во текот на изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 септември“, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација 1. Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 14. На респираторна машина се 3 пациенти, а уште 4 се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на COVID-19. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: архива