Скопје/Охрид, 1. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, којашто вчера попладне е донесена во Скопје со возило на Брза помош во фебрилна состојба со мртов плод во стомакот, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство.
– Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфли присуство на Коронавирус. Пациентката ќе биде пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза, се наведува во соопштението од Гинекологија.
Додаваат дека се работи за екстремно обезитна пациентка, која во последните 5 месеци воопшто не се ни движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли. (Крај)
извор: Клиника за гинекологија и акушерство фото: архива